Политика на испорака

Политика за испорака на производи

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат. По направената нарачка од Ваша страна ќе добиете потврда за креирана нарачка (invoice) и нарачката влегува во статус на обработка. По обработката на нарачката, ќе добиете известување за статусот на нарачката на вашата e-mail адреса. 

Сите нарачки направени преку интернет платформата BOOKY.MK се обработуваат во работно време, од понеделник до петок. Порачката откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на курирската служба за достава. Рокот на испорака на пратката е 1-3 работни дена. За сите нарачки направени во петок после 16 часот или за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден.

Рок на испорака

Испораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до сабота преку нашите специјализирани партнери за достава на адресата која е наведена во порачката. Имајте во предвид дека во недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите партнери за достава не работат.

На територија на Скопје и околината:

  • нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе бидат направени претходниот работен ден до 14:00 часот

На територија надвор од Скопје

  • 1-3 работни денови

Превземање на пратки

Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која е наведена при самата порачка. Доколку компанијата дистрибутер не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена во BOOKY.MK. Од оваа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката на пратката. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака. Со цел да се олесни процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/подигнување на  пратката  на адресата која сте ја навеле при online нарачката. 

При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите. Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш со повик на телефонскиот број (+389) 70 211 443 или на е-мail contact@booky.mk

Доколку е се во ред со пратката слободно превземете и потпишете ги документите за прием на пратката кои ќе Ви ги приложи курирот. 

Доколку сакате сами да си ја подигнете порачката Ве молиме при купувањето во забелешка наведете ЛИЧНО ПРЕВЗЕМАЊЕ.

За лично подигање на порачката можете да не посетите во нашите простории на ул. Индустриска 1 бр. 31/1-3 Скопје секој работен ден во временска рамка од 8:00 до 16:00 или контактирајте не на телефонскиот број (+389) 70 211 443 или на е-мail contact@booky.mk

Цена на испорака

Производите ќе бидат испорачани преку нашите партнери за достава на адресата која е наведена во порачката со цена за достава од 150 денари на трошок на купувачот. Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.

Политика и услови во врска со цените и производите

Цените на сите производи на нашата веб страницата contact@booky.mk се со вклучен ДДВ. BOOKY.MK го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Со самиот пристап на BOOKY.MK и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во нашите Политики за користење на системот за електронска трговија. 

Прифаќање на условите

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, Согласни сте со условите за испорака.

Датум на објава на политиката на испорака

Овие правила на испорака стапуваат на сила од август 2023 година. BOOKY.MK  ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат јавно објавени на веб странатa BOOKY.MK

 Контактирајте нѐ

За какви било прашања во врска со Вашата нарачка, можете да контактирате со нас користејќи ги следниве детали:

Е-маил адреса: contact@booky.mk

Контакт телефон::  +389 70 211 443