Политика на приватност

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува. Правото на приватност и заштитата на личните податоци на нашите клиенти претставува врвен приоритет на Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ.

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработка на личните податоци кога ја посетувате нашата интернет страница и/или кога правите online купување на нашите производи достапни на нашата веб страна.

Со Политиката на приватност, ќе Ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува за нашата интернет страница www.booky.mk.

Сопственик на web страната е Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ со седиште на ул. Индустриска 1 бр. 31/1-3 Скопје.

Со пристап на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

  1. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ги СОБИРАМЕ?

При посета на нашата интернет страната www.booky.mk Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ ги собира и  обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради  купување на производи кои ги продаваме.

Нагласуваме дека при електронска наплата на нарачките на нашата интернет страна www.booky.mk  Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до системот на НЛБ Банка преку сигурносна врска.

При пополнување на формата за регистрација на интернет страната, Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • име и презиме
  • e-mail адреса
  • адреса за испорака на нарачката и
  • телефон за контакт

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашиот е-маил
 
  1. “Cookies” – КОЛАЧИЊА на ПРЕБАРУВАЧОТ на ИНТЕРНЕТ

За да ја направиме Вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. “Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со Ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови www.booky.mk го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот.

За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе Ви биде побарана согласност. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку колачињата не бидат прифатени, одредени делови од нашата веб-страница може да не функционираат како што е предвидено.

За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика на колачиња“.

  1. НАЧИН на СОБИРАЊЕ на ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците при Вашата посета на нашата веб страница www.booky.mk се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја нашата „Политика на колачиња“.

  1. ЗА КОИ ЦЕЛИ се КОРИСТАТ СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ и ИНФОРМАЦИИ?

Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

  • За овозможување на online купување на нашите производи на нашата интернет страната booky.mk
  • За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и производите што ги нуди.
  • За контакт по пат на електронска пошта.

Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производите и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

При посета на нашата веб страница, имате можност да ја оставите својата e-mail адреса во полето “NEWSLETTER”” со стискање на копчето “ЗАЧЛЕНИ СЕ”.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list”.

Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ Скопје има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата компанија кон заштитата на приватноста на клиентите.

  1. НА КОЈ НАЧИН се ВРШИ ОБРАБОТКАТА на ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Обработката на Вашите лични податоци  BOOKY.MK ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Вие сте одговорни за избор на која било лозинка и нејзината целокупна безбедносна моќ, обезбедувајќи безбедност на вашите сопствени податоци во границите на нашите услуги.

Б ГРОУП 2022 ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница.

Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ.

Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу платежната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Банка Скопје со цел наплата на производите/нарачките преку извршување на трансакција.

Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Банка Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица.

  1. ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ на КОРИСТЕЊЕ на ТРЕТИ ЛИЦА

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

  1. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, www.booky.mk може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

  1. ПРОМЕНА во ПОЛИТИКАТА за ПРИВАТНОСТ на ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

BOOKY.MK има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката на приватност и дека е свесен за промените.

  1. ПРИФАЌАЊЕ на УСЛОВИТЕ

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика на приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

  1. ДАТУМ на ОБЈАВА на ПОЛИТИКА на ПРИВАТНОСТ

03.08.2023 година

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

За какви било прашања или проблеми во врска со вашата приватност, можете да контактирате со нас користејќи ги следниве детали:

Е-маил: contact@booky.mk  

Контакт телефон:  +389 70 211 443