Дневникот на Првачето

ден 990.00

 

А сега ти дете драго започнуваш со ново поглавје во твојот живот, ти стануваш прваче!

За таа цел Јас, BOOKY создадов нешто што го нема никаде на планетава земја освен во мојот свет! Само за тебе го направив Дневникот На Првачето, весел, интересен едукативен и забавен дневник, кој што низ игра смеа и учење ќе се осигура дека овој важен дел од твојот живот, засекогаш ќе остане сочуван во овој убав дневник, па дури и кога ќе бидеш голем/а со задоволство ќе се враќаш и ќе ги листаш страниците од миговите кога ти си стана прваче, вреден и послушен ученик!

Дневникот на Првачето е 100% Македонски производ, развиен, дизајниран и печатен во Република Македонија.

Вие, драги дечиња подгответе се на училиште и за откривање на нови магични светови со BOOKY. А ние заедно со BOOKY ќе се упатиме кон нашите другачиња во COC детско село, за да и нив ги израдуваме со новиот верен пријател од првиот училишен ден.

Со секој купен BOOKY Дневникот на Првачето донираме 15% од цената на нашите СОС другарчиња.

Подарете и израдувајте ги Вашите најмили со BOOKY Дневник на Првачето за да започнат со учење и патување уште од денеска!

Започнете нова традиција со BOOKY – Дневникот на Првачето на твојот прв ден на училиште.

Совршен подарок за секое дете кое почнува на училиште!

Цената е со вклучено ДДВ

SKU: 001 Category: Tag:

Description

  • Јазик: ‎ Македонски
  • Страници‏: ‎ 96 страници
  • Димензии: ‎ 148 x 210 mm
  • Формат: А5
  • Нуди страници за цртање и изразување на својата креативност и стилска презентација што изразува тоа што сте ти драго прваче
  • Бои: мултиколор страници во боја со цртежи, игри и песнички
  • Црно-бели страници за боење и цртање и илустрации по желба
  • Извонредни квалитетни бели и разнобојни страници кои нудат мазна површина за пишување
  • Вежби за пишување и учење на азбуката и броевите
  • Можете да користите моливи, боички, пенкала, пастели итн. – совршен за создавање колажи и први идеи за уметнички дела!
  • Мат тврда корица со неверојатен дизајн кој ја зголемува креативноста и со пантлика за одбележување страни
  • Дебелината на страниците го спречуваа пресликувањето на боичките или моливот на другата страна и го издржуваат бришењето и секојдневната употреба
  • Дебелите корици и тврд повез гарантираат дека детските мисли, цртежи и уметнички дела се секогаш безбедни
  • Се препорачува за BOOKY другарчиња на возраст од 5+
  • Издадено: Август 2023, Скопје, Северна Македонија

BOOKY Дневникот на Првачето доаѓа во комплет со дополнителни училишни материјали и тоа  booky футрола, молив, гума, стикер за да го приспособите овој симпатичен спомен дневник по желба, распоред на часови, потсетници за родендени за твоите другарчиња и мапа од нашата убава татковина!

100% Македонски производ – BOOKY се погрижи нашите производи да бидат направени од најдобрите материјали и во партнерство со познати и докажани печатници на пазарот.

Дневникот на Првачето е со одличен квалитет, елегантен, убав и уметнички како и Вие, драги првачиња – девојчиња и момчиња!

Креативен дневник за цртање или пишување на сите детски спомени од првата година на Вашето дете во училиште!

BOOKY  Дневникот на Првачето е одличен како подарок за момчиња и девојчиња кои сакаат да го изразат своето креативно јас. Идеален за подарок за првиот училишен ден, роденденски забави за девојчиња и момчиња.

 

Во овој Дневник на првачето ќе најдете 96 разнобојни страници полни со забава:

За мене

Моја фотографија

Мојата учителка

Моето училиште

Мојот прв ден

Моето прво сеќавање

Мојата прва книга

Моите другарчиња

Моите неверојатни спомени

Боење

Моето прво пишување (азбука, следење броеви, форми и повеќе)

 

Совршен BOOKY спомен – Дневник на Првачето за сите спомени и сеќавања од Вашата прва година на училиште!

 

 

 

 

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Дневникот на Првачето”

Your email address will not be published. Required fields are marked *